Дома Фудбал Мијатовиќ жестоко го нападна Зидан

Мијатовиќ жестоко го нападна Зидан

Екс фудбалерот и директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ упати жестоки критики кон „кралевите“ после синоќешниот дебакл против Легандес и елиминацијата од Купот.

Мијатовиќ му замери на Зинедин Зидан затоа што не покажал респект кон ова натпреварувања и го критикуваше за играта на Реал во текот на целата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова натпреварувања заслужува многу повеќе респект. Секогаш претпочитам да го видам стартниот тим на теренот, но изгледа сега е модерно да се игра со резервите во Купот“, изјави Мијатовиќ за шпанските медиуми.

„После ваков пораз не теба да се бараат виновниците, туку да се направи длабока анализа. Не е во прашање само овој натпревар, туку за многу натпревари од почетокот на сезоната. Ништо не е како што треба во играта на Реал Мадрид. Единствен начин да се спаси сезоната е да се елиминира Пари Сент Жермен од Лигата на шампиони“, заклучи Мијатовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…