Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски го објави списокот на играчи за мечот со Словенија

Милевски го објави списокот на играчи за мечот со Словенија

Македонската репрезентација до 21 година на 3-ти јуни во словенечки Терме Чатеж ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија.

Подготовките на нашата млада репрезентација започнуваат на 26-ти мај, а ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен. 


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија ЃП), Александар Анѓелковски (Ренова), Иван Николоски (Влазерими);

Одбрана: Филип Алексовски (Македонија ЃП), Александар Ѓурковски (Вардар), Георге Јанкулов (Железничар Панчево, Србија), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марко Стојчески (Телеоптик, Србија), Божидар Митревски (Тетекс), Бесир Исени (Струга Трим Лум), Ардијан Беќири (Дрита), Анатолиј Петејчук (Вардар);

Среден ред: Агрон Елези (Вараждин, Хрватска), Бојан Димоски (Академија Пандев), Бесник Ферати (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Жилина), Флорент Рамадани (Шкендија), Лука Станковски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравче, Словачка), Лука Здравковски (Ком, Србија), Давид Манасиевски (Силекс);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Вождовац, Србија), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методи Максимов (Работнички), Арби Воша (Македонија ЃП), Јакуп Бериша (Шкупи), Амел Рустемоски (Грасхоперс, Швајцарија), Лука Трајкоски (Борец);

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …