Дома Топ вести Милан ја најде замената за Ибрахимовиќ

Милан ја најде замената за Ибрахимовиќ

Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Ибрахимовиќ ја игра последната сезона, Ориги не ги оправда очекувањата, па на лето Милан сака да донесе нов напаѓач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми откриваат дека прва желба на „росонерите“ ќе биде Џонатан Дејвид од Лил, кој игра уште една одлична сезона.

23-годишниот Канаѓанец оваа сезона има постигнато 21 гола и 4 асистенции, па е мета на многу клубови ширум Европа.

Италијанскиот гигант веќе работи на трансферот, а Лил за неговата слобода бара помеѓу 40 и 50 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…