Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Милан во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Италија.
25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Барселона и Ливерпул.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент бидејќи примарна цел на „росонерите“ е засилување на десната крилна позиција.
Медиумите пренесуваат дека Милан спрема понуда од 45 милиони евра и се верува дека тоа ќе ги задоволи финансиските апетити на Лидс.