Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Милан во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Италија.




25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед и Ливерпул.




Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент бидејќи примарна цел на „росонерите“ е засилување на десната крилна позиција.




Лидс за потписот на Рафиња минатото лето плати 20 милиони евра, а неговата цена оваа сезона значително порасна.




Медиумите пренесуваат дека Милан спрема понуда од 40 милиони евра и се верува дека тоа ќе ги задоволи финансиските апетити на Лидс.