Дома Топ вести Милан тргнува по ѕвездата на Јувентус

Милан тргнува по ѕвездата на Јувентус

Милан се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот на Рабио со Јувентус истекува овој месец и нема најави за продолжување на соработката, па ова лето ќе замине како слободен агент.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Рабио и сакаат да го доведат без обештетување, а така и да му нанесат удар на најголемиот ривал.

Милан сака да го засили средниот ред со квалитетен играч за врска, а веќе има неколку Французи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…