Италијанскиот гигант Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на ПСВ, Ибрахима Сангаре.
Како што е познато Сандро Тонали е пред трансфер во Њукасл за 80 милиони евра, па Милан ја почна потрагата по негов наследник.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСВ го доведе Сангаре од Тулуз во 2020 година, и изминатата сезона тој запиша 45 меча на кои постигна 8 гола и 6 асистенции.
Тој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.
Во договорот на 25-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра, а Милан спремил понуда од 30 милиони евра плус бонуси.