Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах, Флориан Нојхаус е на мета на неколку европски гиганти.
23-годишниот играч за врска блеска оваа сезона во дресот на Мехенгладбах, а особено одличен меч одигра против Баерн Минхен пред неколку дена.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесува дека Нојхаус е главна трансфер цел на Милан за следната сезона.
Нојхаус оваа сезона одигра 14 меча на кои постигна 2 гола и запиша три асистенции.
Играчот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за него интерес покажуваат уште Баерн Минхен и Реал Мадрид.