Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за играчот на Волфсбург и бразилски репрезентативец, Луис Густаво.
Луис Густаво изминатиот преоден рок беше трансфер мета на Интер и Јувентус, но двата италијански клуба не успеаа да најдат заеднички јазик со германскиот клуб и трансферот не се реализираше.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега силен интерес за Бразилецот покажува Милан, кој следното лето ќе прави реконструкција на тимот и сака да донесе неколку квалитетни засилувања, особено во средниот ред.
Луис Густаво има договор со „волците“ до 2018 година, па на лето готово сигурно ќе го напушти клубот, а со оглед дека влегува во последната година од договорот неговата цена нема да биде поголема од 10 милиони евра.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и играчот е отворен за преселба на „Сан Сиро“.