Дома Топ вести Милан тргнува по Ренато Санчез

Милан тргнува по Ренато Санчез

Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез.

24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Санчез одигра одлично и на Европското првенство, а моментално се опоравува од повреда и наскоро ќе се врати на терените.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат на „Сан Сиро“ во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…