Дома Трансфер зона Милан тргнува по играчот на кој минатото лето му пропадна трансферот во Ливерпул

Милан тргнува по играчот на кој минатото лето му пропадна трансферот во Ливерпул

Како што пренесува „Франс Фудбал“ Милан се вклучил во трката за играчот на Лион, Набил Фекир.

Овој 25 годишен фудбалер има само уште една година од договорот со францускиот клуб и претходно се поврзуваше со неколку европски клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фекир минатата сезона одигра 39 натпревари за Лион постигна 12 голови и запиша девет асистенции.

„Франс Фудбал“ пишува дека Милан покажал интерес да го доведе Фекир, а Звонимир Бобан и Паоло Малдини сакаат да го вратат италијанскиот клуб на славните патеки.

„Росонерите“ наредната сезона ќе играат во Лигата на Европа и сакаат да доведат играчи кои ќе им помогнат во нивниот нов проект.

Италијанскиот клуб наводно е спремен да издвои сума помеѓу 35 и 40 милиони евра и тоа би требало да биде доволно за играч на кого договорот му истекува за една година.

Ќе потсетиме, Фекир минатото лето беше пред трансфер во Ливерпул, но во последен момент зделката пропадна и тој остана во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…