Италијанските медиуми пишуваат дека тимот на Милан би можел да се обиде да го доведе дефанзивецот на Наполи, Никола Максимовиќ.
„Росонерите“ минуваат низ тежок период и ќе се обидат оваа зима да решат барем дел од проблемите кои носат лоши резултати во Серија А.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан првиот дел од сезоната го заврши на 11 место на табелата. Тешко е да се каже што треба да се помири, после летното „реновирање“. Денес медиумите во Италија пишуваат дека една од метите на Милан е Никола Максимовиќ од Наполи кој не е во плановите на Маурицио Сари.
На Наполи во овој момент му оди одлично, тие се лидери на табелата. Од друга страна Максимовиќ е резерва и така тешко би стигнал до место во селекцијата на Србија за Мундијалот во Русија, па логично е да побара клуб каде што би добивал повеќе шанса.