Дома Топ вести Милан спреми 60 милиони за ѕвезда од Бундес лигата

Милан спреми 60 милиони за ѕвезда од Бундес лигата

Италијанскиот гигант Милан на лето повторно ќе претрпи големи промени, а медиумите пренесуваат дека на кормилото на „росонерите“ следната сезона ќе седне Ралф Рагник.

Рагник веќе договорил тригодишна соработка со Милан, каде покрај тренер, ќе биде и спортски директор, функција која во минатото ја извршуваше во Салцбург и Лајпциг.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека првото засилување кое Рагник ќе го донесе на Сан Сиро е ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упаменако.

Иако Упамекано има само 20 години, тој веќе две сезони е стандарден во редовите на Лајпциг, па неговиот потенцијал го забележаа неколку европски гиганти, како Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.

Рагник одлично го познава дефанзивецот бидејќи тој го донесе во Лајпциг, а Милан наводно е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Њукасл најде замена за Исак

Њукасл сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот …