Дома Топ вести Милан спрема револуција: Доаѓа Алегри, скоро цел тим на продажба

Милан спрема револуција: Доаѓа Алегри, скоро цел тим на продажба

Во тимот на Милан се спрема голема „чистка“, пренесува „Кориере дела Сера“. Раководството на „росонерите“ го загуби трпението и го стави скоро целиот тим на продажба.

Единствени играчи кои се „недопирливи“ се Донарума, Ромањоли, Рафаел Леао, Златан Ибрахимовиќ и Исмаил Бенасер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


За сите останати Милан е спремен да ги слушне понудите и да бидат продадени уште во зимскиот преоден рок. Криштоф Пјонтек е на чекор од трансфер во Тотенхем, а на излезна врата се и Франк Кеси, Пакета и Сусо.

Борини веќе се пресели во Верона, Матија Калдара во Аталанта, а голманот Пепе Реина е на чекор од трансфер во Астон Вила.

Италијанските медиуми тврдат дека Милан сака да донесе големо тренерско име и веќе преговара со Макс Алегри, кој ќе добие менаџерска функција како Алекс Фергусон, и долгорочен договор да изгради силен тим.

Сопствениците се спремни да ја наполнат касата од продажба на споменатите играчи и да обезбедат огромен буџет за големо засилувања на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…