Италијанските гигант Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Отавио.
Бразилецот на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе одби да го продолжи договорот со Порто.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Скај Италија“ пренесува дека Милан веќе стапил во конаткт со неговиот агент и испратил понуда за четиригодишен договор тежок 1,5 милиони евра по сезона.
Весникот „А Бола“ тврди дека големи се шансите Отавио на лето да се пресели во Серија А, каде покрај Милан интерес за играчот покажуваат уште Рома и Јувентус.
Сепак, весникот тврди дека Милан е фаворит за неговиот потпис и е во напредни преговори со агентот на Бразилецот.