Дома Трансфер зона Милан сака две ѕвезди на Челзи

Милан сака две ѕвезди на Челзи

Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијех и повторно ќе се обиде на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зијех беше прва желба на „росонерите“ во текот на летниот преоден рок, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица со право на откуп.

Меѓутоа, Тухел не смета на него и Зијех не добива голема минутажа, па и самиот сака да ја промени средината.

Сега ситуацијата во Челзи е драматична поради санкциите кои ги доби сопственикот Абрамович, па многу ѕвезди ќе го напуштат клубот на лето.

Милан сака да ја искористи ситуацијата, а покрај Зијех е заинтересиран и за Матео Ковачиќ.

Малдини сака да ги донесе двајцата фудбалери на „Сан Сиро“ и наскоро ќе започне преговори со нивните агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…