Милан е многу активен на трансфер пазарот и до неговото затварање сака да комплетира уште три големи трансфери.
Откако успеа да го „укарде“ Сандро Тонали пред носот на Интер за 35 милиони евра, сега нова цел на „росонерите“ се двете ѕвезди на Фиорентина, Никола Миленковиќ и Федерико Киеза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека „виолетовите“ не сакаат да го пуштат дефанзивецот, но затоа се отворени за продажба на Киеза.
Договорот на Киеза завршува во јуни 2022 и Фиорентина ризикуваат да го продадат за уште помала сума следното лето.
Поради тоа им соопштиле на „росонерите“ дека се спремни драстично да ја намалат сумата од 60 милиони евра која ја бараа на почеток.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Фиорентина сега го цени Киеза на 40 милиони евра, а трансферот може да биде комплетиран со 20 милиони евра плус Лукас Пакета.