Милан ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и донесе 10 нови фудбалери.
Меѓутоа, „росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголемата желба на клубот од „Сан Сиро“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Главна цел на „росонерите“ за следната сезона е доведување на врвот напаѓач, а прв избор е Џонатан Дејвид од Лил.
Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.
Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.