Џенаро Гатузо во денешниот натпревар против Наполи ќе биде приморан на терен да го изведе резервниот пар дефанзивци.
Доколку во минатото коло не се истакнеше Амаду Дијавара (постигна два гол во последните минути за пресврт против Киево) денешниот натпревар на „Сан Сиро“ ќе имаше многу помала тежина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека гостите и се закануваат на „старата дама“ Милан повторно западна во мини-криза и е се подалеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Навистина зад „росонерите“ е градското дерби против Интер 0:0 и дербито против Јувентус во Торино (пораз од 3:1) и за овие неубедливи настапи имаат оправдување, но не и за минатонеделното реми против Сасуоло на домашен терен.
На таа средба Милан го загуби и Леонардо Бонучи кој стигна до бројката од пет жолти картони и ќе ја пропушти денешната средба. За проблемите на Милан да бидат поголеми се повреди и Алесио Ромањоли. Поради ваквата ситуација Гатузо ќе биде приморан на теренот да го испрати резервниот пар дефанзивци Матео Мусакио – Кристијан Запата.
Овие двајца на теренот заедно поминаа само 295 минути и тоа само во Лигата на Европа.