Дома Топ вести Милан почна преговори со ѕвездата од Бундеслигата

Милан почна преговори со ѕвездата од Бундеслигата

Приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде алтернатива за Жиру.

Во летниот преоден рок беше доведен Лука Јовиќ на позајмица, но не ги оправдува очекувањата, па „росонерите“ сакаат да доведат врвен напаѓач.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прво име на списокот е напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси, кој оваа сезона се промовираше во еден од најефикасните напаѓачи во Европа.

Гираси во својот договор има откупна клазула од 18.5 милиони евра, која Милан е спремен да ја плати во јануари.

Раководството на Милан започнало преговори со Штутгарт и сака што побрзо да го договори трансферот за да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…