Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во соработка со супер-агентот Жорге Мендеш работи на големо засилување од Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет на „росонерите“ ова лето ќе биде да донесат квалитетен играч за врска, а медиумите откриваат дека најголема желба е плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.
Рубен Невеш пред две години пристигна во Волвс од Порто за 14 милиони фунти и се еталираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.
„Росонерите“ сега се обидуваат да го искористат интересот на Волвс за Франк Кеси и е спремен да го даде Африканецот плус 30 милиони евра за потписот на Невеш.