Милан игра добро и оваа сезона и е на чекор да ја реализира првата цел, пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони.




Во Серија А „росонерите“ се во битка за Скудетото, па сакаат додатно да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини е заинтересиран за младата ѕвезда на Кристал Палас, Мајкл Олисе.




20-годишниот крилен фудбалер игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.




Тој е Французин, но е роден во Лондон, па се уште не одличил за која репрезентација ќе настапува.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 20 милиони евра за во јануари.