Раководството на Милан работи на трансферот на плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат француските медиуми.
24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе од јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
Милан сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот на лето без обештетување.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и двете страни се блиску до договор.
🚨Info: L'AC Milan est très intéressé par une arrivée d'Houssem Aouar 🇫🇷🇩🇿 l'été prochain.
— Santi Aouna (@Santi_J_FM) November 16, 2022
▶️ Des premiers échanges ont eu lieu.
Avec @sebnonda https://t.co/NOud6LgQoW