Дома Трансфер зона Милан купува дефанзивец од Бундеслигата

Милан купува дефанзивец од Бундеслигата

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и Французинот е на врвот на листата желби.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Неговиот договор со германскиот клуб истекува следното лето, па поради тоа Ајнтрахт е спремен да го продаде.

Медиумите тврдат дека Милан и Ајнтрахт се во напредни преговори и дека може да го договорат трансферот за 15 милиони евра.

Скаутите на „росонерите“ веќе подолго време го следат дефанзивецот, кој може да игра и на позицијата лев бек, па веруваат дека идеално ќе се вклопи во тимот.

Коментари
  • Рома договори големо засилување

    Рома постигна договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, потврди „Кориере дело Спорт…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…