Екипата на Аталанта е најголемо изненадување оваа сезона во Серија А и тоа благодарение на неколку млади фудбалери кои „експлодираа“ оваа сезона.
Аталанта важи како голем расадник на таленти, а оваа сезона во тимот на Бергамо има неколку млади фудбалери кои го свртеа вниманието на италијанските гиганти.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Очите на цела Италија се свртени кон младите фудбалери на Аталанта кои не престануваат да воодушевуваат со своите партии во „плано-црниот“ дрес оваа сезона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со клубот од Бергамо за две млади ѕвезди, а станува збор за Матија Калдара и Роберто Гаглиардини.
Калдара е централен дефанзивец кој веќе има запишано неколку настапи за младата италијанска репрезентација. Експертите му предвидуваат блескава иднина, а на Апенините веќе го нарекуваат „новиот Барзаљи“.
Калдара има 22 години, физички е доминантен во дуелите со глава, има одлична техника, перфектен тајминг и одлично чувство за гол – веќе постигна три гола оваа сезона.
Гаглиардини е играч за врска кој може да игра на сите позиции во средниот ред. Има извонредна техника, преглед на игра и одличен е во дефанзивните задачи. Неодамна доби повик и од селекторот за сениорската репрезентација на Италија.
Милан е спремен за плати 30 милиони евра за потписите на овие фудбалери кои се очекува да бидат иднината на италијанскиот фудбал. Медиумите тврдат дека „росонерите“ сакаат уште во јануари да ги комплетираат трансферите и да ги останат играчите на позајмица во Аталанта до крајот на сезоната.