Дома Топ вести Милан и Јувентус ја сакаат новата француска ѕвезда

Милан и Јувентус ја сакаат новата француска ѕвезда

Милан и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.

20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион ќе мора да го продаде, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, а интерес за него покажуваат уште Борусија Дортмунд, Ливерпул и Арсенал

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…