Европските гиганти се силно заинтересирани за талентот на Шахтјор и новата украинска ѕвезда, Михајло Мудрик.
21-годишниот крилен фудбалер игра одлично оваа сезона, а на мечот портив Селтик во Лигата на шампиони го следеа скаути на Милан и Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мудрик оваа сезона на 11 меча постигна 6 гола и запиша 7 асистенции, а експертите му предвидуваат блескава кариера.
Украинецот има договор со Шахтјор до 2026 година, а во моментов се проценува на 15 милиони евра.
Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат двата италијански гиганти, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.