Милан покажува сериозен интерес за офанзивниот играч на Севиља, Папу Гомез, пренесуваат италијанските медиуми.
33-годишниот Аргентинец блескаше во Серија А во дресот на Аталанта, а во јануари се пресели во Севиља откако влезе во конфликт со тренерот Гасперини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан бара засилување на позицијата десно крило и верува дека Гомез би бил идеално решение поради неговото искуство.
Италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до трампа помеѓу двата клуба бидејќи Севиља покажува сериозен интерес за Кастиљехо.
Милан е спремен да го испрати Шпанецот во Севиља и за возврат да го добие потписот на Папу Гомез.