Милан и Барселона ќе бодат битка за потписот на играчот на Ливерпул, Наби Кеита, пренесуваат медиумите на Островот.
Кеита влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката со Ливерпул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па од јануари ќе почне битка за неговиот потпис.
Барселона не е задоволна од Кеси и сака како негова замена да го доведе токму Кеита.
Од друга страна Милан минатото лето на истиот начин го доведе Ориги, па сега сака да ја повтори операцијата и да го доведе бесплатно Наби Кеита.