Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита.
Кеита влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката со Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Тој уште во јануари е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а Милан покажува најсериозен интерес.
„Росонерите“ минатото лето на истиот начин го доведоа Ориги, па сега сакаат да ја повторат истата операција со Кеита и да го доведат без обештетување.