Дома Ракомет Германците со најмногу адути: Познати се ТОП 12 во ракометната ЛШ

Германците со најмногу адути: Познати се ТОП 12 во ракометната ЛШ

Германците со најмногу адути: Познати се ТОП 12 во ракометната ЛШ

Заврши првата фаза во ракометната Лига на шампионите, а Германија ќе има најмногу претставници меѓу најдобрите 12. Три германски клуба продолжуваат во натпреварувањето, наспроти по два од Данска и Полска. По едно место им припадна на екипи од Унгарија, Франција, Шпанија, Романија и Португалија.

Фуксе Берлин го победи Партизан со 40:33, во меч во кој Матијас Гидсел и Тим Фрајхефер заедно постигнаа 23 гола. Гидсел беше прв стрелец со 12, а Фрајхефер додаде 11. Кај белградскиот состав најефикасен беше Тобијас Вагнер со шест погодоци.

Убедлива гостинска победа забележа Динамо Букурешт, кој го совлада Монпелје со 36:26. Францускиот тим не го спаси ниту учинокот на Килијан Вилмино, стрелец на девет гола.

Сегед славеше на теренот на Кристијанштад со 31:26, со одлично издание на Роланд Миклер. Голманот собра 20 одбрани и имаше успешност од 45,5 проценти, а Марио Шоштариќ и Лазар Кукиќ ја предводеа нападната линија со по шест гола. За домаќините Вилијам Хегјелм погоди 11 пати.

Спортинг излезе како победник од ефикасното гостување кај ГОГ со 37:35. Франциско Коста и Мартим Коста постигнаа по седум гола, а Салвадор Салвадор додаде шест. На данскиот тим не му беа доволни ниту по 11 погодоци на Мануел Цендер и Оли Митун.

Барселона, пак, го совлада Скандерборг Архус со 30:27. Алеиш Гомез со шест и Луис Фраде со пет гола беа најефикасни кај победникот, додека Јепе Монсон Чеслак го заврши натпреварот со шест погодоци за домашниот состав.

Фото: Handball-Planet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Трифуновска со девет гола го предводеше Вардар до +27 против Пелистер

Ракометарките на Вардар го совладаа Пелистер со 45:18 во седмото суперлигашко коло. Домаќи…