Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ и кариерата ќе ја продолжи во Серија А.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кеита влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката со Ливерпул.




Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па сака да ја промени средината на крајот на сезоната.




Најсилен интерес за неговиот потпис покажува Јувентус, кој верува дека Кеита ќе биде идеално засилување за средниот ред.




„Бјанконерите“ на крајот на сезоната ќе се разделат со Рабио и најверојатно нема да го откупат Паредес, па Алегри сака да доведе двајца врвни играчи за врска.