Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид игра уште една фантастична сезона и моментално е прв стрелец во француската лига со 9 постигнати гола.
Најсилен интерес за напаѓачот покажуваат Милан и Баерн Минхен, кои веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Баварците се во потрага по централен напаѓач кој ќе биде замена за Левандовски и веруваат дека Канаѓанецот идеално ќе се вклопи во нивниот стил на игра.
Милан е во потрага по напаѓач бидејќи Жиру е во фудбалска зрелост, а Ибра ја игра последната сезона, па „росонерите“ сакаат да донесат млад и перспективен напаѓач.
Лил за слободата на Дејвид бара 50 милиони евра, а двата клуба се спремни да ја платат таа сума.