Раководството на Милан е во потрага по засилување во одбраната, а најновата желба на „росонерите“ е младиот француски репрезентативец Дајот Упамекано.
Иако Упамекано има само 20 години, тој веќе две сезони е стандарден во редовите на Лајпциг, па неговиот потенцијал го забележаа неколку европски гиганти, како Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем и Манчестер Сити и Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Росонерите“ веќе имале средба со неговите агент, но проблем е што Лајпциг за неговата слобода бара 40 милиони евра.
„Скај Италија“ пренесува дека Милан има план како да дојде до потписот на Французинот и сака да зделката да го вклули Чалханоглу, за кого Лајпциг покажува сериозен интерес.
Италијанскиот клуб е спремен во наредните денови да испрати понуда од 15 милиони евра плус Чалханоглу за младиот дефанзивец.
Лајпциг во 2017 година го откупи Упамекано од братскиот клуб Салцбург за сума од 11 милиони евра, а неговиот договор истекува во 2021 година.