Дома Фудбал Останато Милан започнува преговори со искусниот голман, каква е иднината на Донарума?

Милан започнува преговори со искусниот голман, каква е иднината на Донарума?

donaruma

Италијанскиот гигант, Милан, ќе ја информира управата на Наполи дека оваа недела ќе започне преговори со искусниот голман, Пепе Реина, чиј договор истекува на крајот од дековната сезона.

Шпанскиот голман ќе биде слободен играч од лето, и бидејќи не го продолжи договрот со Наполи, заинтересираните клубови имаат можност да преговараат со фудбалерот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што пренесува „Sky Italia“, Милан оваа недела и формално ќе ја информира управата на Наполи за да започне преговори со Реина. „Росонерите“ на поранешниот голман на Ливерпул би требало да му понудат договор на две години со опција продолжување на уште една година.

Оваа вест поставува многу прашања, а главно – што тоа значи за Џанлуиџи Донарума?

Тешко е да се поверува дека темпераментниот Пепе Реина ќе се согласи да дојде на „Сан Сиро“ за да седи на клупа и да биде втор голман зад Донарума, па така повторно се рестартира приказната за заминување на младиот голман од Милан. Милан исто така започна преговори со играчот на Сампдорија, Иван Страниќ, кој, исто како Реина, договорот му завршува на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…