Дома Топ вести Милан започна преговори со Асенсио

Милан започна преговори со Асенсио

Италијанските медиуми пренесуваат дека играчот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е примарна трансфер цел на Милан.

„Росонерите“ сакаат да ја засилат десната крилна позиција и Малдини во Шпанецот гледа идеално засилување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Асенсио влегува во последната година од договорот, па Реал е спремен да го продаде, а Милан стапил во контакт со „кралевите“.

„Росонерите“ веќе подолго време преговараат со неговиот агент и последните информации говорат дека Асенсио дал зелено светло за трансфер на „Сан Сиро“.

Меѓутоа, Милан ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Асенсио интерес покажуваат уште Арсенал, Јувентус и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…