Италијанскиот гигант Милан е многу активен на трансфер пазарот и денес договори две засилувања за следната сезона.
Најпрво „росонерите“ постигнаа договор со Челзи за трансфер на Пулишиќ тежок 22 милиои евра, а сега медиумите јавуваат дека го договориле и трансферот на Тижани Реиндерс од АЗ Алкмар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
24-годишниот играч за врска оваа сезона постигна 7 гола и 12 асистенции, па веќе доби повик и од холандската репрезентација.
Милан имаше договор со плејмејкерот, а сега постигна договор со Алкмар за трансфер вреден 20 милиони евра.
„Росонерите“ претходно го договорија и трансферот на Лофтус-Чик, а сакаат да го донесат Чуквуезе на десното крило и Алваро Мората во нападот.