Дома Трансфер зона Милан добива бесплатно засилување од Реал Мадрид

Милан добива бесплатно засилување од Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, пренесуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Себаљос влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Милан бара засилување за средниот ред, а Пиоли верува дека Шпанцеот иделано ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Малдини наскоро ќе започне преговори со неговиот агент и сака уште во јануари Себаљос да стави потпис на преддоговор.

Себаљос откако се врати од позајмица од Арсенал, не успеа да се избори за место во стартниот тим кај Анчелоти, па најверојатно кариерата ќе ја продолжи на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…