Дома Трансфер зона Милан го сака талентот на Арсенал🎥

Милан го сака талентот на Арсенал🎥

Милан е силно заинтересиран за талентираниот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.

21-годишниот младински репрезентативец на Англија оваа сезона игра на позајмица со Ремс и блеска во Лига 1.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Балогун до сега на 22 настапи постигна 15 гола и 2 асистенции, па покажа дека е еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Тој на лето ќе се врати во Арсенал и има договор до 2025 година со „топџиите“, но Милан сака да го доведе на „Сан Сиро“ и спрема понуда.

„Топџиите“ сигурно нема лесно да се откажат од својот талент, но самиот Балогун сака да игра во клуб каде што ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…