Познато е дека приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Италијанските медиуими овие денови лецитираат со многу имиња, а едно од нив е и Чиро Имобиле, кој оваа сезона беше прв стрелец во Серија А со 29 постигнати гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имобиле беше запрашан да го прокоментира интересот на „росонерите“, а тој додатно ги „запали“ шпекулациите.
„Трансфер прозорецот оваа година се затвора порано, но во исто време, не морам да повторувам дека во Лацио ми е добро. Не можам да коментирам за какви било гласини, но тие се нормални бидејќи постигнав толку многу голови“.
„Јас сум мирен и мојот агент си ја врши работата. Ќе отидам на собирот на репрезентацијата, ќе го видам Роберто Манчини и потоа одам на одмор“, изјави Имобиле.