Дома Трансфер зона Милан го менува Хрватот со Босанец: Џеко се сели на „Сан Сиро“

Милан го менува Хрватот со Босанец: Џеко се сели на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан во текот на летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе напаѓачот на Рома, Един Џеко.

На Милан му треба напаѓач кој во Серија А сигурно ќе постигнува од 15 до 20 голови по сезона, а решението го гледаат токму во дијамантот на Босна.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Никола Калиниќ не ги оправда очекувањата и најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти „Сан Сиро“, а негова замена би требало да биде Един Џеко.

Џеко и во зимскиот преоден рок беше на чекор од заминување од Рома, а медиумите на Апенините тврдат дека „росонерите“ се спремни да платат 25 милиони евра за неговите услуги.

Притоа, Милан е спремен да му понуди плата од 6 милиони евра по сезона и да го направи втор најплатен фудбалер во тимот после Леонардо Бонучи.

Познато е дека Џеко е голем фан на Милан уште од мали нозе, па сигурно дека со задоволство ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…