Дома Трансфер зона Милан во јануари добива засилување од Барселона?

Милан во јануари добива засилување од Барселона?

„Мундо Депортиво“ денес пренесува дека фудбалерот кој е непожелен во Барселона наскоро кариерата би можел да ја продолжи во италијанската Серија А.

Според информациите на шпанскиот медиум Барселона го понудила Туран на клубот од Милано.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Искусниот фудбалер кој е во немилост на Валвреде во последниот период често пати се поврзуваше со преминување во Галатасарај, но изгледа дека сега се случил пресврт.

Да потсетиме, Арда минатото лето го одложи враќањето во татковината за да остане на „Ноу Камп“, но во Каталонија не добива шанса, а Милан кој е во тешка ситуација изгледа како добра опција во овој момент.

Од друга страна во Барселона се одлучни во намерата да се ослободат од Турчниот оваа зима, пред се поради неговата голема плата.

turan

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…