Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез, пренесува „Газета дело Спорт“.
24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.
Лил е спремен да го продаде бидејќи Португалецот на лето ќе влезе во последната година од договорот, а „Газета дело Спорт“ тврди дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Милан и Лил се во одлични односи и се очекува лесно да стигнат до договор за трансфер тежок 30 милиони евра.
Occasione Renato Sanches: il Milan è in pole e il Lilla lo aiuta. Respinto l'Arsenal https://t.co/9eHTFdQeeq
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 15, 2021