
Милан е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.
Милан ова лето ќе остане без Златан Ибрахимовиќ и веќе започна да бара негова замена, а на врвот на листата желби се наоѓа токму Џонатан Дејвид.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем.
Сепак, Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 20 милиони евра.