Дома Трансфер зона Миланско дерби за Јулијан Алварез

Миланско дерби за Јулијан Алварез

Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа.

Аргентинецот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти, Милан и Интер и да го донесат во своите редови на лето.

Сепак, Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, Гвардиола сака да го има во тимот и во моментов не е спремен да го пушти.

Притоа, неговата цена порасна повеќекратно, па миланските клубови тешко дека ќе можат да испратат понуда која ќе ги задоволи апетитите на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…