Италијанските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за плејмејкерот на Лион, Хусем Ауар, пренесуваат француските медиуми.
24- годишниот плејмејкер до минатото лето беше на радарот на многу европски гиганти, но реши да остане во Лион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ауар влезе во последната година од договорот и на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а веќе од јануари може да преговара со заинтересираните клубови.
Миланските гигати сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат Французинот на лето без обештетување.
Ауар сака да се пресели во Серија А, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.