Дома Останати Кошарка МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

МЗТ Скопје по четврти пат го враќа Синовец, Мајсторовиќ пак заминува од Аеродром

По четврти пат во својата кариера, бекот на Мега, Стефан Синовец повторно ќе ја задолжи опремата на актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје.

По настапот за Мега во АБА лигата, Стефан Синовец потпиша договор до крајот на сезоната со „Штрковите“, каде веќе настапуваше три пати во изминатите неколку години.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Стефан Синовец пристигна во редовите на Мега пред почетокот на сезоната и во АБА лигата за 22,2 минути во игра во просек бележеше 9,4 поени, 3,1 скок и 2,6 асистенции.

Најдобрата партија ја понуди токму во последниот меч и победата против Игокеа со 99:87 каде беше близу трипл-дабл учинок со 11 поени, осум скока и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанакопулос сакаше да се тепа со навивачи, па ѝ бегаше на полиција преку гаража (Видео0

Контроверзниот претседател на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, успеа да избега од полиц…