Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ загуби со звукот на сирената!

МЗТ загуби со звукот на сирената!

Кошаркарите на МЗТ, во трилер завршница, го загубија првиот натпревар во Еврокупот, кој го одиграа во Литванија, кај Лиеткабелис 90-89.

Лиеткабелис и МЗТ ја отворија сезоната 2016/2017 во Еврокупот, триумф оствари домаќинот со 90-89, со поените на Донатас Таролис постигнати со звукот на сирената.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Првите три четвртини не навестуваа драматичен финиш на овој меч, бидејќи кошаркарите на МЗТ играа неорганизирано, во нападот се мачеа да дојдат до позиција за шут, а во одбраната имаа многу пропусти, што Литванците максимално го користеа.

Лиеткабелис во првата четвртина со серија 11-2 првпат стигна до значителна предност, потоа во вториот период МЗТ за пет мнуит постигна само три поени, а прими 19, поради што Литванците на полувреме имаа предност од 15 кошеви.

МЗТ лошо влезе и во третиот период, домаќинот ја одржуваше предноста од 15 до 19 поени, а во 38-та минута стигнаа до максималната предност од 23 поени.

Во последниот период МЗТ влезе со негатива од 16 поени и нешто подбра игра во нападот. Аеодромци полека започнаа да ја топат предноста на Лиеткабелис, а на три секунди до крајот Синовец погоди тројка за предност 89-88. Во последниот напад Вилијамс се обиде за три, не успеа да погоди, а Таролис од одбојка непречен од никого постигна поени за конечни 90-89.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…