еталург убедливо е поразен на средбата од второто коло на СЕХА-лигата против екипата на Мешков Брест. Загубивме со 41:29 (17:15) во натпревар со две дијаметрално различни полувремиња.

Металург во Брест допатува ослабен, без Филип Кузмановски и Мартин Велковски, со само 14 ракометари, а во првото полувреме дополнително остана и без Томи Јагуриновски, кој се повреди при еденконтранапад. Лимитираната клупа и стана главна причина за нашата различна игра во двете полувремиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дел Металурзите беа најмалку рамноправни, а на моменти и подобри од својот многу поискусен противник. Металург, чиј денешен состав во просек има 20 години, играше резултативно во нападот и сигурно во одбраната и му создаде многу проблеми на домашниот состав. Иако почетокот им припадна на ракометарите на Мешков, во средина од првото полувреме Металург направи комплетен пресврт и поведе со убедливи три гола разлика во 17. минута, 7:10. Сепак, ракометари на Металург не успеаа да ја валоризираат својата добра игра и по првите 30 минути противникот на одмор замина со предност од два гола 17:15.

Во второто полувреме видовме еден сосема друг Металург. Заморени, без соодветни замени, па ракометарите целосно им ја препуштија иницијативата на домашните играчи, а разликата постепено стигна и до двоцифрена вредност, 38:28, во 57. минута. Конечниот резултат е 41:29.

Мешков Брест – Металург  41:29 (17:15)

Мешков Брест: Јашчанка 1, Шкурински 8, Бачко 1, Мацкевич, Јуринок 1, Потеко 4, Ивиќ 1, Баранов 2, Разгор 2, Обрановиќ 3, Дарафеев, Корсак, Селвиасјук 3, Џукиќ 4, Џорџиќ 7 и Куран 4.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 6 минути.

Металург: Томовски (4 одбрани + седмерец), Даниловски, Јагуриновски 1, Јагањац 6, Лазаревски 2, Димитриоски 4, Токиќ 4, Шилегов 4, Танкоски 2, Серафимов 2, Додиќ, Маџовски 2, Матијашиќ и Арсеновски 2.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 2 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…