Дома Фудбал Останато Меси: Ќе почуствувам кога ќе дојде времето да кажам – доста е

Меси: Ќе почуствувам кога ќе дојде времето да кажам – доста е

messi

Сигурно дека сите фанови на Барселона сакаат што подолго да го гледаат Лионел Меси во дресот на Барселона.

Ѕвездата на Каталонците неколку пати претходно истакнуваше дека ќе остане во Барселона скоро до крајот на својата кариера и дека има желба последната сезона да ја одигра во Њуелс Олд Бојс, клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во разговор за шпанските медиуми Меси потврди дека не размислува за тоа кога ќе ја заврши кариерата, ниту пак има точна година кога тоа ќе се случи. Но Аргентинецот откри дека ќе знае кога е дојдено времето да каже – крај.

„Желбата за фудбалот е поголема со секој ден и се уште имам пред себе многу предизвици. Сакам да освојам уште многу титули и да постигнам уште многу голови. Не знам кога точно ќе кажам крај, но знам дека ќе почустувам кога ќе дојде времето за тоа. Сепак, во овој момент не сакам да размислувам на таа тема“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …